Пред да ја запознае Цеца, додека сè уште бил во брак со претходната сопруга Наталија, Аркан бил во турболентна тајна врска со позната пејачка. Хрватската пејачка Дорис Драговиќ, лудо го сакала покојниот српски командант на Српската доброволна гарда Жељко Ражнатовиќ Аркан!
Љубовта меѓу Дорис и Аркан цветала во доцните осумдесетти, пред да започнат борбите во поранешна Југославија.
Тоа беше врска базирана на страст, особено кога станува збор за Аркан, вели извор за српските медиуми.
Во тоа време, тој често ги фалеше нејзините вештини во креветот, додека Дорис беше заљубена како ученичка. Тие беа на работ на брак. Жељко уште тогаш размислувал за развод од поранешната сопруга Наталија, открива соговорникот.
Дорис и Жељко криеле дека се во врска, но сепак излегуваа заедно, особено во Белград, во клубовите „Нана“, „Тридент“ и „Мажестик“.
Изворот вели дека Аркан и Дорис едноставно биле без грижа.
Проблемите во старата Југославија сè уште не беа започнати, но постоеше напнатост, па за неа од Сплит не беше толку лесно да се биде во врска со Жељко, кој беше лидер на навивачите на Црвена Звезда. Аркан често бараше од неа да се пресели од Сплит во Белград, а таа одговорала дека тоа ќе го стори штом тој се разведе од Наталија, раскажува одлично упатениот соговорник.
Тие ги прекинале сите контактикога тој беше уапсен 1990 година во Двор на Уна, а Хрватска прогласи независност.
Кратко време по овоие настани Аркан ги формира „Тигрите“ и се приклучи на војната во поранешна Југославија, а Дорис се мажи за ватерполистот Марио Будимир и му роди син.
Жељко 1993 година се запознава со Светлана Цеца Величковиќ и се жени со неа две години подоцна.
Знаеше тој и пред Цеца периодично да ја спомене Дорис, се шегуваше дека била „чудо“ во креветот, што страшно ја вознемируваше. Сепак, сите кои тогаш се дружеле со нив знаат дека Дорис многу повеќе го сакаше Аркан отколку тој неа, завршува изворот.