Големата навивачка на Барселона и Мис BoomBum, Сузи Кортез, ‘удри’ на репутацијата на Жерар Пике во време кога каталонскиот дефанзивец и пејачката Шакира потврдија дека раскинуваат по 12 години врска.
Иако не ги откриваат причините за ваквата одлука, со денови се пишува дека Пике ја изневерил Шакира со 20-годишна хостеса и дека сопругата го фатила на дело.
Во интервју за El Diario NY, Сузи признала дека Пике ѝ праќал пораки речиси секој ден и дека многу од нив не биле соодветни.
Modelo celebrou que "Deus abriu os olhos" de Shakira e contou que jogador do Barcelona tinha postura diferente das redes sociais.#PortaliG https://t.co/9HL6UhBZAX
— Portal iG (@iG) June 2, 2022
„Тој беше оној кој ми испрати подиректна порака. Единствените играчи на Барселона кои никогаш не ми испратија ништо се Меси и Кутињо. Тие се одлични сопрузи и ги почитуваат своите сопруги. Шакира не го заслужи ова. Бев пријателка со поранешниот претседател на Барселона, Сандра Росел. Пике дозна, го побара мојот телефонски број и ми испрати порака. Кога се вратив во Бразил ми испрати порака на Инстаграм. Го интересираше кога ќе се вратам во Европа. Секогаш ме прашуваше за мојот задник и колку е голем и дека е љубоморен на Меси што добива толку големо внимание од мене. Никогаш не го кажав ова од почит кон Шакира, но сега ќе кажам сè што ми се случи“, изјавила Сузи.
Кортез неодамна признала и дека сопругата на Меси, Антонела, ја прогонува веќе пет години.
За потсетување, љубовта на Сузи кон Меси е позната од порано, а таа дури го истетовирала неговиот лик над меѓуножјето и задникот.