Поранешната свршеница на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, често е во медиумите откако пејачот си најде нова девојка, Барбара Бобак, а често се споменува дека таа му забранува да го гледа нивниот син Алексеј во присуство на неговата нова девојка. Сега тоа го потврди и самата Барбара.
– Таа го прави тоа од првиот ден. Таа кажува такви работи од љубомора. Кога велам љубомора, тоа го кажувам во смисла дали сè уште има емоции кон него или не. Ете тоа е нешто што ја прави тврдоглава бидејќи нема со што друго бидејќи никому не му е грижа што има да каже или што мисли, па ајде да поминеме низ детето, истакна Барбара за „Хајп“.
– Така стојат работите од првиот ден. Не ме интересираат тие работи. Нејзино дете – нејзината работа! Се ќе биде во ред. Ја разбирам и не ѝ се лутам. Разбирам затоа што знам дека Дарко е прекрасно суштество што треба да се има покрај себе и не е лесно да се биде безбеден кога ќе изгубиш таква личност, рече Барбара и додаде:
– На Марина и посакувам се најдобро. Уште еднаш потенцирам дека не и се лутам, но навистина повеќе не би зборувала на таа тема.