Јоланда Хадид е поранешен модел, телевизиска ѕвезда и мајка на светски познатите топ-модели Џиџи и Бела Хадид.
54-годишната жена изгледа како близначка на нејзините ќерки. Откако се омажи за Мохамед Хадид во 1994 година, Јоланда се насели во Лос Анџелес и се откажа од кариерата за своето семејство.
Со своите фотографии нa Инстаграм, Јоланда често ги восхитува фановите и има над 2,5 милиони следбеници.
Со одлична фигура и широка насмевка, таа примамува воздушки и низа комплименти.
Сестрите Бела и Џиџи се деца на бракот на Јоланда со Мохамед, со кого подоцна таа се разведе. Тие исто така имаат еден син Анвар.
Во септември минатата година, Јоланда објави книга за нејзиниот живот, кажувајќи за битката за Лајмската болест.