четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бен Афлек проговори за обновувањето на врската со Џенифер Лопез: Љубовта не ја кријат, но некои работи ќе им останат тајна

Бен Афлек проговори за обновувањето на врската со Џенифер Лопез: Љубовта не ја кријат, но некои работи ќе им останат тајна

Бен Афлек и Џенифер Лопез ги воодушевија обожавателите ширум светот кога ја обновија врската по 16 години пауза.

Тие постојано се во центарот на вниманието, но парот и понатаму останува прилично таен кога се во прашање деталите од нивната врска.

Во новото интервју за Wall Street Journal, Бен Афлек сподели неколку детали за неговата љубовна врска со Џенифер.

Отворено кажа дека смета дека е попаметно да молчи за тоа.

Запрашан дали би зборувал за нивната врска, тој рече: „Можете да шпекулирате за тоа, но една од потешките лекции што ги научив е дека не е паметно да се споделува се со светот“.

Тој зборуваше малку поотворено за тоа како се чувствува сега кога повторно е со Џенифер, велејќи дека е „дефинитивно убаво“.

-И, знаете, една од работите што сега навистина ја ценам во сите аспекти од мојот живот е тоа што се се случи природно, рече тој.

-Мојот живот сега не ја отсликува само личноста што сакам да бидам, туку и начинот на кој навистина се чувствувам – што не е совршено, туку некој кој работи многу напорно и многу се грижи да биде искрен, автентичен и одговорен. Можеби еден ден ќе го споделам тоа со вас, посочи Афлек.

Најнови вести