сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бен Афлек се расплака на медениот месец во Париз

Бен Афлек се расплака на медениот месец во Париз

Бен Афлек се расплака на роденденската вечера по повод 53 роденден на Џенифер Лопез, а тоа го забележаа и папараците.

Фотографите успеаја да го доловат моментот кога Џенифер му ги бришеше солзите на Бен од лицето, додека тој нешто и кажување, а потоа двајцата се прегрнаа.

Џенифер беше облечена во црн тесен фустан носејќи гердан со бисери. Пејачката изгледа совршено во шестата деценија од животот.

Брачниот пар Афлек моментално ужива на меден месец во Париз, по венчавката во Лас Вегас.

Со нив се и нивните деца од претходните бракови. Бен има три деца од бракот со актерката Џенифер Гарнер, а Џеј Ло има близнаци – син и ќерка од бракот со Марк Ентони.

Најнови вести