понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бен и Џенифер страсно се бакнувале на вечера пред неговите деца, не можеле да ги тргнат рацете еден од друг

Бен и Џенифер страсно се бакнувале на вечера пред неговите деца, не можеле да ги тргнат рацете еден од друг

Џенифер Лопез и Бен Афлек по венчавката заминаа на меден месец во Париз.

Гостите во ресторанот Ле Матињон биле изненадени кога ги виделе младенците како пристигнуваат на вечера во четвртокот навечер.

Двојката пристигнала на аеродромот Le Bourget со приватен авион само неколку часа порано. Џенифер и Бен не губеле време и веднаш излегле и го започнале медениот месец по венчавката.

Влегувајќи во ресторанот во близина на Champs-Élysées, славните младенци се држеле за рака додека барале маса на летната тераса.

„Кога се појавија изгледаа на типични Американци“, вели еден сведок.

Лопез блескала во прекрасен црвен фустан, а косата ѝ била поткрената и успеала да го задржи свежиот и природен изглед.

Парот останал околу два часа во луксузниот ресторан и танцов клуб, пред да се врати во својот хотел.

Бенифер се венчаа на интимна церемонија во Лас Вегас за време на викендот.

Најнови вести