Тијана Ѓуричиќ, попозната како „кралицата на силиконите“, ја зачуди јавноста со својот физички изглед пред неколку години, кога нејзините фотографии од еден клуб станаа вирални.
Пред неколку години јавноста шокирано гледаше во фотографиите на „пренапумпана“ црна жена која на социјалните мрежи се фалеше со зголемени усни и гради, а агресивните сини леќи додадоа до нејзиниот неприроден изглед.
Тие фотографии за неа донесоа популарност, па учествуваше и во реалното шоу „Фарма“, па токму тогаш на површина исплива нејзината фотографија пред сите естетски зафати. Многумина коментираа дека воопшто не и била потребна промена на изгледот.
Потоа, Тијана нагло се повлече од јавниот живот, клубовите, рефлекторите и шокираше со нова драстична промена – „силиконската кралица“ повеќе не е таква.
Имено, таа одлучила да ги намали градите, да го отстрани силиконот од усните, да ослабе.
Ова наиде на општо воодушевување од сите нејзини фанови, а комплиментите продолжија да пристигнуваат.
Тијана денес изгледа сосема поинаку. Иако не се откажа целосно од процедурите на лицето и телото, сега изгледа многу поприродно и според многумина поубаво.