недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беше музичка легенда во Југославија, а животот ниту малку не го поштеди: Се живо закопав, дури и ќерка ми- Бог ме чува за на крај (ФОТО)

Беше музичка легенда во Југославија, а животот ниту малку не го поштеди: Се живо закопав, дури и ќерка ми- Бог ме чува за на крај (ФОТО)

Музичарот Милиќ Вукашиновиќ денеска го прослави својот 71 роденден, а во текот на животот доживеал голема слава и успеси, но и големи трагедии.

Легендарниот „доктор за рокенрол“ животот не го поштеди, па трагедиите само се нижеле.

Српските медиуми пишуваат дека биле и денови кога живеел на прагот на егзистенцијата, поради што минатата година започнал приватен бизнис.

Имено тој заедно со сопругата отвориле продавница за куќни хемии, а како што сам вели во бизнисот вложил околу 3.000 евра.

Музичарот инаку во својата богата кариера имаше и борба со опојните средства, но таа борба ја победи, но не и неговата ќерка Маја. Таа е пронајдена во безживотна состојба во 2018 година, а потоа го загуби и внукот.

-Ги учам првите чекори од покојниот син на мојот брат. Се живо погребав, мајка ми, татко ми, сестра ми, братот, синот на братот и родената ќерка, ти го е*ам животот. Бог изгледа ме чува за крај, напиша неодамна музичарот.

Инаку тој денеска роденденот го прослави со својата сопруга во својот дом, а фановите од рано изутринава му го честитаат истиот.

Најнови вести