среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беше прогласена за најлошо облечена на Евровизија, а сега ја отвори душата: Македонската пејачка со емотивна исповест, „живеам сама…“ (ФОТО)

Беше прогласена за најлошо облечена на Евровизија, а сега ја отвори душата: Македонската пејачка со емотивна исповест, „живеам сама…“ (ФОТО)

Марија од „Eye Cue“ ја отвори душата пред широката јавност. Македонската пејачка на својот Инстаграм профил за првпат сподели со што се соочувала изминатиов период и на каков тест ја ставил животот.

„Живеам сама од мои 18 години. Носам големи и значајни одлуки веќе неколку години со никаква поддршка од моите најблиски. Наидувам на обесхрабрување, а и понекогаш разочарување поради патот по кој чекорам и мојот личен избор на партнер, професија, околина… Свесна сум дека голем дел од работите што ги правам не се вообичаени за мојата возраст, па и за ова подрачје. Свесна сум и дека се соочувам со огромни животни препреки, битки, расипување на односи со блиски, неверување, осудување. Но, она што го добивам за возврат е мојата слобода, осамостојувањето, храброста, силата, радоста, издржливиот карактер и ослободувањето за надминување на секоја наредна ситуација што животот ја носи“, напиша Марија.

Во текстот пејачката ги повикува нејзините следбеници да се охрабрат и да продолжат да се движат по својот пат, бидејќи упорноста и истрајноста на крајот секогаш се исплатат.

Најнови вести