Мина Костиќ неодамна го прослави својот 47-ми роденден. Како што вели, никогаш не била посреќна, а она за што се уште фантазира е вистинската љубов.
Популарната пејачка откри дека љубовта ја чинела многу и емотивно и финансиски.
-Би сакала да ми се случи вистинска љубов, но за жал скапо ме чинеше. И повеќе од тоа. Скоро секоја љубов ме чинеше многу, но јас им простив на сите. И финансиски и емотивно. Се омажив и ставив се на негово име. И зградата што ја градев, а која Џеј и јас ја финансиравме. И автомобилот и куќата. Мене ме ограбија на Божјата правда, но тоа им се случува на сите мои колеги, изјави Мина Костиќ во една емисија.
Следните врски не биле многу поуспешни, се додека не го запознала мажот со кој има ќерка.
-Потоа повторно имав врска во која бев разочарана, па го запознав Игор. Му реков дека не можам да му родам дете затоа што ми рекоа дека сум неплодна. И тогаш се случи чудо. Секој ден наутро и навечер му се молев на Бога и еве се роди девојче, изјави Мина Костиќ.
Таа откри дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Игор се уште се во добри односи.
-Нашето дете расте, контактираме и најважно е дека има љубов од двете страни. Разбрав како треба да работам и така се однесувам, вели Мина Костиќ.