Бијонсе и Џеј Зи се закотвија кај Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри. По Цавтат, тие продолжија кон Корчула.
Бродот е меѓу 60-те најголеми јахти во светот. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл, сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1.
Повеќекратно наградената моторна јахта од холандското бродоградилиште „Фидшип“ (Feadship) нуди флексибилно сместување за 12 гости во седум кабини и има внатрешен стил од британскиот дизајнер „Ар-даблју-ди“. Изграден во 2017 година, „Фејт“ е дизајнирана за престој од повеќе дена и може да се пофали со обемен внатрешен и надворешен простор на неколку палуби – идеални за пловење, одмор и забава.
На луксузното пловило има хелиодром, пристап за ортопедски колички, кино, спа-просторија, лифт, подводни светла и бежбалница.
Бијонсе и Џеј Зи повеќепати ја посетиле Хрватска заради патување и одмор.