Популарниот актер Милош Биковиќ ја изненади својата девојка Ивана Малиќ со луксузен подарок за Денот на вљубените, за кој издвоил дури 11.700 евра.
Имено, Биковиќ го изнајмил најскапиот комплекс на Малдивите, за тој и неговата девојка да уживаат.
-Тие избраа еден од најлуксузните хотели на островот, со пет ѕвездички „San Siam Iru Veli“, кој се наоѓа на плажата, веднаш до Индискиот Океан. Тие престојуваат во куќа во која имаат мир и приватност, што му е важно на Милош, открил извор близок на актерот.
View this post on Instagram
„За десетте ноќи колку што ќе бидат Милош и Ивана, актерот платил 11.700 евра, а за две повратни билети одвоил уште 2.500 евра“ – изјавил извор за Информер.
Тие двајца планираат да одат и на патувања надвор од островот, па наводно ќе потрошат уште најмалку 3.000 евра.
View this post on Instagram
Актерот како вистински џентлмен не застанал тука, па посебно ја изненади и вчера, на 14-ти февруари, кога на девојката и приреди изненадување во базен.