сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бил Козби се огласи по поништувањето на пресудата за сексуално злоставување

Бил Козби се огласи по поништувањето на пресудата за сексуално злоставување

Познатиот комичар, актерот Бил Козби проговори откако Врховниот суд во Пенсилванија ја поништи неговата пресуда за сексуално злоставување.

Во објава на Твитер, тој напиша дека е невин и им се заблагодари на фановите.

“Никогаш не сум го сменил ставот или приказната. Отсекогаш ја одржував својата невиност. Ви благодарам на сите мои обожаватели, пријатели и оние кои ме поддржаа минувајќи низ ова искушение. Посебна благодарност до Врховниот суд во Пенсилванија за поддршката на владеењето на правото, ” напиша тој.

Мирор пишува дека Козби го напуштил затворот во средата навечер и заминал со бел автомобил. Маж и жена дошле да го земат и го однеле дома.

За потсетување, Бил Козби одлежа повеќе од две години затвор.

Најнови вести