среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Браќата имаат посебна шифра со МОЌНО значење: Принц Хари револтиран што Вилијам ја искористил во ОВАА прилика

Браќата имаат посебна шифра со МОЌНО значење: Принц Хари револтиран што Вилијам ја искористил во ОВАА прилика

На целиот свет веќе му е добро познато дека принцот Хари и принцот Вилијам, некогаш блиски браќа, веќе долго време се скарани, а се започна кога Хари му кажа на својот брат дека е во врска со американската актерка Меган Маркл.

Хари во своите мемоари „Spare“ (Резерва) откри дека бил многу разочаран од реакцијата на неговиот брат и Кејт Мидлтон кога им кажал која е неговата избраничка, а Вилијам дури и го пцуел, а притоа изнесе и бројни други детали.

Во едно интервју, по објавувањето на книгата, тој исто така откри дека тој и Вилијам имале свој посебен таен код и дека Вилијам го шокирал кога ја употребил таа шифра на погребот на нивниот дедо, принцот Филип.

Нивната врска веќе беше на многу несигурни нозе, откако Хари се откажа од кралските должности и се пресели во Калифорнија со Меган. Браќата во тоа време ретко се гледале, а се сретнале на погребот на нивниот дедо во 2021 година. Тие биле снимени како заедно шетаат во погребната поворка, а бидејќи веќе се знаело дека нивниот однос е лош, многумина се надевале на помирување по оваа средба, но ништо не испадна од тоа.

Хари опиша како брат му го тргнал настрана за да можат сами да разговараат и му рекол дека само сака тој да биде среќен.

„Хари, мора да ме слушаш. Само сакам да бидеш среќен, се колнам во животот на мајка ми“, тврди Хари дека му рекол неговиот брат.

Во интервјуто објасни дека оваа фраза ја користеле во случаи кога им било важно братот веднаш да ги послуша.

“Ме закопа на место, како што сакаше да направи. Не затоа што ја користеше шифрата, туку затоа што не успеа. Едноставно не му верував”, рекол Хари.

Ако Вилијам со ова се обидел да се зближи со својот брат, тоа сигурно не успеало, а нивната врска станувала се полоша и полоша. Обожавателите на кралското семејство се надеваа на ново помирување по смртта на кралицата Елизабета, кога тие двајца и нивните сопруги се појавија заедно пред јавноста, за прв пат по долго време.

Нивната последна средба се случила на крунисувањето на нивниот татко, кралот Чарлс, но браќата тогаш воопшто не комуницирале. Во палатата се плашеле дека може да се случи непријатна сцена кога ќе се сретнат на крунисувањето, но се покажало дека нивните стравови биле непотребни.

Двајцата едвај се погледнаа, но беше јасно дека нивната врска е на најниска точка досега. Кога Вилијам помина покрај него, Хари само агресивно го игнорираше, а многумина се убедени дека Вилијам го искористил својот говор како можност да се потсмева на својот помлад брат.

Најнови вести