За врската помеѓу Драгана Џајиќ и Милош Ивановиќ кој е брат на познатата тенисерка Ана Ивановиќ јавноста дозна минатата година откако се појави веста дека парот ќе се венча оваа година.
Драгана како и во оваа врска така и во претходната деталите од приватниот живот ги криеше далеку од очите на јавноста.
Имено таа претходно беше во врска со синот на Шабан Шаулиќ, Михајло, а по разделбата двајцата запознаа сродни души.
Таа ќе се венча во мај годинава со братот на тенисерката Ана Ивановиќ, додека смртта на Шабан ги поремети плановите на неговиот син Михајло да се венча со неговата долгогодишна девојка.