Братот на легендарниот поранешен фудбалер на Англија Гери Линекер кој светот го нарекува еден од најдобрите џентлмени во светот објави прилично бизарен оглас преку кој бара девојка.
Вејн Линекер има 57 години и сопственик е на еден ноќен клуб на Ибица. Тој живее луксузен живот, а од потенцијалните девојки бара да се одречат од своите кариери и да сакаат луксузен живот.
Но, тоа не е сѐ, во својот оглас тој навел и неколку услови за следните девојки кои мора да ги исполнат за да станат негови девојки.
Тој во огласот вели и дека неговото семејство е едногласно дека него му треба понежна половина во животот, првенствено за да го прекине лудиот начин на живот.
Ова се неговите критериуми:
Мора да сакате постари мажи, но само мене… морате да бидете светска девојка и постара од 30 години (може и околу 28,29), но не смеете да бидете на моите години бидејќи тоа би било чудно. Морате да сакате патувања, летувања, бизнис класа и одмор во неверојатни хотели. Бидете спремни да ја напуштите кариерата или работата или барем да работите работа која се извршува преку лаптоп.
Летото ќе морате да го поминете на Ибица, а зимото во Дубаи, две недели околу Божиќ и Нова година секогаш славиме со семејството во Велика Британија или на Малдивите.
Децата не се прифатливи, моите веќе се возрасни. Куче е прифатливо, но треба ќе му треба пасош. Морате да знаете да готвите, бидејќи јас сакам да готвам.
View this post on Instagram
Off we go!! Boat day with the family for @tialineker birthday tomorrow 🧡 #ibiza #yachtmedusa
Понатаму тој додава дека мора идната девојка да ги сака неговите деца и внуци и да не планира деца, но никогаш не вели никогаш. Да биде самоуверена, интелигентна, но не и досадна. Ако сте заинтересирани и мислите дека го поседувате сето ова јавете се, стои на крајот на неговиот оглас.