недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бред Пит верува дека боледува од прозопагнозија

Бред Пит верува дека боледува од прозопагнозија

Бред Пит во интервју за „Џи-кју“ открива дека има проблеми да ги препознава луѓето и да помни лица. Тој тврди дека понекогаш му е мачно да се сети на луѓето што ги запознал, дали во минатото или пред неколку секунди.

– Многумина мислат дека сум арогантен и не ми веруваат… Поради тоа ми е многу непријатно, изјави тој.

Имено, Бред мисли дека боледува од прозопагнозија, состојба при којашто луѓето не можат да ги препознаат ни членовите на семејството, партнерите или пријателите, па се справуваат со тоа користејќи алтернативни начини за препознавање на луѓето, како што се сеќавањето на начинот на кој одат, нивната фризура, гласот, облеката…

На глумецот сѐ уште официјално не му била дијагностицирана прозопагнозија.

Поради сѐ ова, Бред изрази и желба да запознае личност која боледува од прозопагнозија, а вели и дека токму поради тоа ретко излегува надвор, за да избегне разни непријатни ситуации.

Најнови вести