Еден од можеби најпосакуваните мажи во Холивуд, Бредли Купер има нова девојка, а според американските медиуми, таа е една од највлијателните жени во политичкиот свет…
Станува збор за Хума Абедин, најблиската соработничка на Хилари Клинтон и поранешна сопруга на политичарот Ентони Вајнер. Бредли и Хума се запознале, наводно, преку уредничката на списанието „Вог“ – Ана Винтур, нивна заедничка пријателка.
Оваа информација ја потврди извор близок до новопечената двојка за „Пејџ сикс“.
„Бредли неколку месеци е во врска со Хума, но и двајцата тоа го премолчуваат. Тој раскина со колешката своја Дијана Агрон и веднаш почна да излегува со Хума“, вели неименуваниот извор.
Позната како „Црниот лебед на американската политика“, муслиманката во минатото водеше исламска организација којашто важела за „засолниште за радикални проповедници“.