вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брена не ја дава венчаницата, ова е новиот избор на невестата Александра (ФОТО)

Брена не ја дава венчаницата, ова е новиот избор на невестата Александра (ФОТО)

Пејачката Александра Пријовиќ ја избра венчаницата која што ќе ја сошие дизајнерката Тијана Тодоровиќ, а материјалот веќе е порачан од Италија.

Како што пренесува Блиц нејзиниот фустан ќе потсетува на принцезите од бајките, а истиот ќе го сошие дизајнерката која инаку е блиска пријателка со пејачката. Таа не сакала нејзиниот фустан да го направи странски дизајнер, туку домашен, па затоа и се определила за пријателката на која и верува потполно.

-Сакам мојата венчаница да биде долга, елегантна, но и модерна во исто време. Секако дека ќе имам уште еден фустан во кој ќе се пресоблечам во еден момент, бидејќи сакам да се чувствувам удобно, вели Александра за Блиц.

Инаку српските медиуми претходната недела пишуваа дека Александра ќе го носи фустанот од Кристијан Диор што го носеше и Лепа Брена на нејзината свадба, но Брена изјави дека такво нешто нема да се случи.

Најнови вести