сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Британската актерка тврди дека доктор одбил да и даде анестезија за време на операција на лицето

Британската актерка тврди дека доктор одбил да и даде анестезија за време на операција на лицето

Британската актерка Даниела Вестбрук неодамна ги откри деталите од трауматичното искуство кое го доживеала за време на операција во Турција.

Имено, актерката решила да направи реконструкција на лицето по неколкугодишна борба со остеопорозата и оштетувањето на носот предизвикано од зависноста од кокаин.

Сепак, таа тврди дека докторот одбил да користи анестезија за време на операцијата и и удрил шлаканица откако таа го замолила да престане да и го сече лицето. Без нејзина дозвола, докторот и ставил метални шипки кои и ја пробиле горната усна.

Актерката истакнува дека не отишла во Турција на операција како поевтина опција, туку дека три месеци пред операцијата активно разговарала со својот хирург. Поради недоразбирање во комуникацијата, таа направила 3Д слика на носот, а потоа и било кажано дека е невозможно да се направи корективна процедура поради густината на нејзините коски.

Понудени биле филери и ботокс како алтернатива за да го исправи носот и таа се согласила, но не знаела дека ќе и биде направена операција за обликување на лицето.

-Седев таму и врескав, плачев од шок. Тој имаше три метални шипки и ми ги става во лице. Му реков дека многу ме боли и го молев да престане бидејќи се исплашив. Не знаев дека ова ќе се случи, навистина беше страшно, објасни Вестбрук.

Тогаш хирургот отишол зад неа и ја држел за глава и и рекол да престане да се движи, а потоа и удрил шлаканица и среде процедурата ја напуштил просторијата. Раните и ги сошил друг хирург. Таа наведува дека била испратена дома без антибиотици и дека на кратко го изгубила видот на десното око поради воздушниот притисок во авионот.

За потсетување, Даниела имаше затегнување на кожата, липосукција на образите и усните, маснотии на брадата и издлабена вилица откако нејзиниот нос беше уништен од предозирање со дрога во 2002 година. Се проценува дека земала и до пет грама кокаин дневно, каде потрошила околу 250.000 евра.

Најнови вести