недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

БРИТИ СПИРС ПО ВТОР ПАТ ПРЕД ОЛТАР: Одлуката што ја донесе во пресрет на свадбата ги изненади сите! (ФОТО)

БРИТИ СПИРС ПО ВТОР ПАТ ПРЕД ОЛТАР: Одлуката што ја донесе во пресрет на свадбата ги изненади сите! (ФОТО)

Веста за венчавката на Бритни Спирс и Сем Асгарија ја носи „Дејли мејл“, а за бомбастичниот настан пишува и „ТМЗ“, нагласувајќи дека церемонијата ќе се одржи денеска пред околу 100 луѓе, меѓу кои и братот на пејачката Брајан.

Од друга страна, нејзините родители Џејми и Лин Спирс, како и нејзината сестра Џејми Лин, најверојатно ќе ја пропуштат венчавката. Оваа одлука, иако на некој начин очекувана, изненади многумина.

Извор за „TMZ“ изјавил дека не се знае кој ќе ја однесе светската музичка ѕвезда до олтарот.

Идните младенци Бритни Спирс (40) и нејзиниот 12-годишен вереник неодамна објавија стори на Инстаграм каде ја видовме како вози Ролс Ројс, додека зборува со британски акцент и се восхитува на дијамантите на ноктите.

Двојката во последните месеци уживаше во Лас Вегас, Мексико и Хаваи, па се шпекулира дека едно од овие луксузни одморалишта би можело да биде локација за венчавка. А пред неполни три месеци, Бритни и нејзиниот партнер беа на средба со креативниот директор на модната куќа „Версаче“, Донатела Версаче, што може да навести дека пејачката ќе ја носи венчаницата на овој бренд.

Бритни 13 години била под контрола на својот татко, од кој се ослободила минатата година со судска одлука, враќајќи и го животот. Во мај 2021 година, таа се сврши со Сем и ги откри плановите за иднината: брак, купување куќа и уште две деца.

Бритни од бракот со Кевин Федерлајн има два сина.

Најнови вести