сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бритни против својот татко: Конечно ќе сведочи во борбата за своето богатство

Бритни против својот татко: Конечно ќе сведочи во борбата за своето богатство

Во спорот за старателството со нејзиниот татко Џејмс Спирс (68), поп-sвездата Бритни Спирс (39) сака да сведочи лично на суд. Адвокатот на поп-пејачката Самуел Ингам изјави дека судот во Лос Анџелес го одредил 23 јуни како датум за нејзиното сведочење. Она за што Бритни има намера да зборува во моментов е обвиткано во тајност.

Ангам првично не ја коментираше нејзината желба да сведочи, но сега јасно стави до знаење дека тоа ќе се случи наскоро.

Минатата година Спирс поднесе тужба со која сака да го прекине старателството на нејзиниот татко над неа како личност и нејзиниот имот и да го пренесе управувањето со нејзините финансии во финансиската институција Бесемер Труст. Според нејзиниот адвокат, пејачката, меѓу другото, се плаши од својот татко.

Најнови вести