Светската поп ѕвезда Бритни Спирс е бремена и чека дете со својот вереник Сем Ашгари.
– И така направив тест за бременост… и ќе имам бебе – напишала пејачката, а следеле бројни честитки.
Пејачката и нејзиниот вереник ќе го добијат своето прво заедничко дете, а Бритни веќе има два сина, Шон Престон и Џејден Џејмс од претходниот брак со Кевин Федерлајн.
Од ноември 2021 година, Бритни нема старатели, како што беше случај во последните 14 години, а откако конечно се ослободи, пејачката навести дека размислува да го прошири своето семејство.
– Размислувам на друго бебе. Се прашувам дали е ова девојче? – напиша тогаш таа со снимката.
На сослушувањето одржано на 12 ноември во Високиот суд во Лос Анџелес, со одлука на судот, Бритни потоа си ги врати правата да одлучува за сопствениот имот и финансии.