петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бритни Спирс го објави датумот кога ќе го уништи семејството? Во октомври ги објавува своите мемоари

Бритни Спирс го објави датумот кога ќе го уништи семејството? Во октомври ги објавува своите мемоари

Поп иконата Бритни Спирс конечно реши да ги израдува своите фанови и го откри датумот на објавување на нејзините мемоари, кои според експертите сигурно ќе предизвикаат хаос.

Имено, автобиографијата на Бритни ќе излезе на 24 октомври. Книгата се вика „The Woman In Me“, наслов инспириран од нејзиниот хит „I’m Not a Girl, Not Yet a Woman“.

-Убедливото сведочење на Бритни на суд го потресе светот, ги смени законите и ја покажа својата сила и храброст, изјави за People Џенифер Бергстром од издавачката куќа „Gallery Books“ која ќе ги објави мемоарите на пејачката.

– Не се сомневам дека слично влијание ќе имаат и нејзините мемоари. Тоа ќе биде издавачки настан на годината. Не можевме да бидеме повеќе горди што и помогнавме конечно да ја сподели својата приказна – додаде таа.

– Во јуни 2021 година, целиот свет ја слушаше Бритни Спирс како зборува на суд. Влијанието на нејзината вистина беше непобитно и го промени текот на нејзиниот живот и животите на безброј други. The Woman In Me за првпат го открива неверојатното патување и силата на еден од најголемите изведувачи во историјата на поп музиката – стои во најавата на книгата.

Бритни ја сподели објавата на своите профили на социјалните мрежи, но сè уште официјално ја нема објавено книгата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Најнови вести