сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бритни Спирс конечно ќе проговори: Во мемоари ќе ја открие голготата низ која поминувала со години

Бритни Спирс конечно ќе проговори: Во мемоари ќе ја открие голготата низ која поминувала со години

Откако по 13 години се спаси од „канџите“ на својот татко, Бритни Спирс најавува голема исповед која ќе биде сериозен удар за сите членови на нејзиното семејство.

Кон крајот на минатата година судот одлучи за укинување на старателството над неа, а Бритни донесе одлука преку мемоари да опише ни што поминала. Според пишувањата на медиумите, пејачката потпишала договор вреден 15 милиони долари со издавачката куќа „Simon&Schuster“.

Бритни е подготвена да открие многу детали од односот со таткото и останатиот дел од семејството. Таа јавно говореше дека правото на старателство над неа било злоупотребени.

-Ова е порака за моето семејство, бидејќи ме повредија подлабоко од што некогаш не знаат. Знам дека старателството наскоро ќе заврши, но се уште сакам правда, напиша во октомври Бритни на социјалните мрежи.

Се претпоставува дека во новата книга таа конечно ќе ја раскаже својата страна од приказната за се низ што поминала овие години.

За потсетување, Бритни во 2008 година имаше криза со менталното здравје кога се ишиша ќелава, а од тој момент нејзиниот живот беше во рацете на татко и’.

Најнови вести