среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бритни Спирс: Одбивам да настапувам додека не ме ослободат од татко ми

Бритни Спирс: Одбивам да настапувам додека не ме ослободат од татко ми

Поп-sвездата Бритни Спирс на Инстаграм напиша дека одбива да настапи се додека не се ослободи од старателството што го има нејзиниот татко Џејми Спирс. Таа исто така изјави дека нејзиното старателство ги „уништило нејзините соништа“ во текот на изминатите тринаесет години.

Објавувањето на Инстаграм е последната шокантна изјава на Бритни Спирс, во која се коментира нејзината неможност да ги контролира своите финансии, движења и животот воопшто.

„Нема да настапувам сè додека татко ми може да контролира што носам, како изгледам, за што размислувам“, напиша Бритни на Инстаграм.

„Ќе објавувам снимки во кои свирам во дневната соба, наместо да бидам на сцената во Вегас и да пробувам разни шминки, без да можам да ремиксирам верзии на моите песни“, додаде пејачката.

Нејзиниот татко, Џејми Спирс, има целосна контрола врз нејзините финансии од 2008 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Најнови вести