петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Бритни Спирс откри зошто ја избричи главата пред 16 години

Бритни Спирс откри зошто ја избричи главата пред 16 години

Кога Бритни Спирс ја избричи главата пред папараците и целата јавност во 2007 година, таблоидите „експлодираа“.

Сликите со денови го обиколуваа светот, а и денеска се раскажува потегот на пејачката кој ги шокираше сите.

Поп-ѕвездата, која во тоа време минуваше низ болен развод, веќе беше постојана мета на папараците и озборувањата, а инцидентот со бричење на главата само ги зголеми шпекулациите дека има проблем.

Влегла во фризерски салон и барала да и ја избричат ​​главата, а откако фризерот одбил, пејачката земала жилет и сама го направила тоа, додека папараците го фотографирале секој детал.

После 16 години пејачката конечно откри зошто го направила тоа.

-Толку ме гледаа додека растев, од глава до пети. Луѓето ми кажуваат што мислат за моето тело уште од кога бев тинејџер. Бричењето на главата и глумата беа моите начини да се спротивставам – напиша поп-ѕвездата во нејзините претстојни мемоари „Жената во мене“, чиј дел ексклузивно ги објави Пипл.

Бритни се сеќава на 2008 година кога нејзиниот татко Џејми Спирс ја презеде контролата врз нејзиниот приватен и здравствен живот и финансиските работи. Оттогаш пејачката нема никакво влијание врз нејзиниот секојдневен живот.

Најнови вести