среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брус Вилис ќе стане дедо

Брус Вилис ќе стане дедо

Веста дека 34-годишната актерка и најстарата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис е бремена ја објави самата Румер Вилис на својот Инстаграм профил и ги изненади сите.

Заедно со три фотографии, меѓу кои и онаа каде нејзиното момче Дерек Ричард Томас го бакнува нејзиниот веќе зголемен труднички стомак, Румер Вилис ја објави среќната вест – дека е бремена со своето прво дете.

Честитките веднаш почнаа да се нижат, а првиот коментар го остави идната горда баба, 60-годишната холивудска актерка и мајка на Румер Вилис, Деми Мур.

Бременоста на Румер доаѓа во прилично тежок период за целото семејство, бидејќи на 67-годишниот Брус Вилис му беше дијагностицирана афазија, поради што тој се повлече од актерството.

Најнови вести