среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брутално убиена млада инфлуенсерка

Брутално убиена млада инфлуенсерка

Дваесет и едногодишната инфлуенсерка Сања Силва е убиена во Бразил откако гневните луѓе и наредиле да го запре моторот.

Како што пишува „Дејли мејл“, таа била нападната откако во неделата со пријателите излегла од клуб во градот Терезина.

Инфлуенсерката го возела својот мотор со уште двајца пријатели кога двајца мажи на мопед ја натерале да застане, соопшти полицијата.

Како што понатаму се наведува, таа одбила и почнала да бега, по што започнал хаос со бркотница.

Вооружените напаѓачи испукале шест куршуми кон Силва, а на местото на настанот била констатирана смрт.

Најнови вести