среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Брза помош после настап: Тања Савиќ откри каква драма доживеала, едвај стоела на нозе додека пеела

Брза помош после настап: Тања Савиќ откри каква драма доживеала, едвај стоела на нозе додека пеела

Тања Савиќ отсекогаш била посветена на работата, дури и кога не се чувствувала добро, не сакала да ја разочара својата публика иако едвај стоела на нозе.

Тања сега откри дека во една прилика и било толку лошо што брзата помош морала да интервенира за време на настап.

-Тоа ми се случи минатата година. Бев навистина болнa, одев од инфузија до инфузија. Не можев да завршам ниту еден настап во Будва. Прекинав 15 минути порано или ќе паднев. Потоа дојде брзата помош во хотелот, инфузии и секакви работи. Не ни е лесно, не може секој да го прави тоа што ние пејачите го правиме. Пред камерите се е супер, баснословно и одлично, а што има зад камерите само ние знаеме. Тоа се часови и часови на патување, понекогаш дури и денови, потоа прилагодување на различна клима… рече таа.

Тања освен што е успешна пејачка, е и посветена мајка. Како што истакнува, секој слободен момент се труди да го помине со нив, а во работните денови се фокусира само на синовите, а сега открила како тие реагираат на нејзината музика.

-Коректно реагираат на поновите песни, а кога ќе ја слушнат „Златник“ велат: „Мамо, која стара песна ти е оваа?“, а јас им велам дека е стара, но дека допрва ќе ја слушаат кога ќе бидат повозрасни. Ме доживуваат како мајка, а не како пејачката Тања Савиќ, рече таа.

Најнови вести