Пејачката Тања Савиќ среќата ја најде покрај 11 години помладиот пилот Мухамед Муки Бешиќ. Имено, Тања сега на својот Инстаграм профил објави приватна фотографија направена во автомобил, во која се таа и нејзиниот избраник.
Да потсетиме, Тања неодамна за прв пат проговори за својата нова љубов и избраник.
-Не можам да ја сокријам среќата. Се криевме некое време и беше многу тешко и стресно. Не можам да и откријам на јавноста колку сме навистина заедно. Не сум глупава жена да ставам некои работи во јавност и да му покажам на партнерот дека не сум сигурна во тоа после се што ми се случи. Јас сум многу внимателна и само кога сум 100 проценти сигурна за нешто го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и да знае малку за мојот живот. Приоритет е децата да бидат добро, а среќата на моите деца ми е најважна. Многу се грижам за нивните чувства, тие се на чувствителна возраст. Не можам да им предизвикам никаков стрес. Мислам дека треба да се најде начин тоа да се случи во вистинско време. На децата треба да им се објасни дека мама и тато не можат да бидат заедно. Навистина ги ценам семејните вредности и децата ми се на прво место, рече Тања.