Сузана Манчиќ со години имаше вонбрачна врска со грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, сè до минатата година, кога конечно застанаа на „лудиот камен“.
Сега некогашната лото девојка и ТВ водителка се појави во една емисија во која и беше дадена тешката задача да ја повика својата најдобра пријателка, на која и кажува дека одлучила да го напушти грчкиот банкар.
„Го оставив затоа што тој не е во ред! Знаеш ли, тој не чини. Ќе ти раскажам …“, и рекла Манчиќ на прјателката за да ја изврши задачата правилно, што ги натерало сите во студиото да се смеат.
Дека во нивната врска постојат одредени проблеми, призна и самата Сузана, која во едно интервју уште пред да се венчаат се присети на периодот кога мислела дека нејзиниот седум години постариот избраник и е неверен.
„Никој не ми се допаданал толку за да го мамам Симеон. Но, еднаш се посомневав дека тој мене ме мами“, искрено призна Манчиќ, а потоа ја образложи целата ситуација.