Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ денеска, околу 12:40 часот гласаше на избирачкото место во белградската општина Савски Венац и ја исполни својата граѓанска должност.
Цеца како и изминатите години гласаше во основното училиште „Војвода Радомир Путник“ на Дедиње.
Пејачката овој пат беше во друштво на синот Вељко Ражнатовиќ. Цеца дојде во опуштено издание и без шминка, а на присутните новинари накратко им порача:
-Дојдов директно од настап.