Балканската музичка ѕвезда Светлата Цеца Ражнатовиќ се огласи на социјалните мрежи по веста дека ќе стане баба. Имено, според пишувањата на српските медиуми, Богдана е во вториот месец од бременоста и со Вељко го очекуваат нивното прво дете.
-Пресреќна сум, ова е многу убава вест за моето семејство. Се радувам. Бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а тогаш емоциите се мешаа. Не умеам да го опишам ова чувство, се уште сум во еуфорија. Снаата ќе ја пазам и мазам сега повеќе од претходно, за новиот член да ни дојде во радост и веселба, напиша Цеца на Инстаграм.