четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца се врати од Рим каде пееше на ромска свадба- без шминка се криеше од медиумите, но ја издаде новиот бел „ѕвер“ вреден 140.000 евра

Цеца се врати од Рим каде пееше на ромска свадба- без шминка се криеше од медиумите, но ја издаде новиот бел „ѕвер“ вреден 140.000 евра
ФОТО:ТЕЛЕГРАФ.РС

фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ вчера доцна во ноќта заедно со својата ќерка Анастасија пристигнаа во Србија по настапот на ромската свадба во Рим.

Пејачката на белградскиот аеродром пристигнала во тренерки „Беленциага“ како и патики од истиот бренд, а на себе имала и маска и очила за сонце.

На новинарското прашање како поминала на ромската свадба и дали се плашела од коронавирусот таа изјавила дека во себе имала антитела по што започнала да се смее.

-Не сум во никаква паника за разлика од минатиот пат. Но, секако носам заштита. Еве во Рим јас и Анастасија шетавме по градот, а луѓето се дисциплинирани, носат маски, кога влегувате во продавници, ресторани исто така…, вели Цеца за српски Телеграф.

Она што потоа го забележаа новинарските екипи инаку привлече најголемо внимание во јавноста.

Станува збор за новиот автомобил на пејачката од марката „Мерцедес“, истиот е во бела боја и чини некаде околу 140 илјади евра.

За потсетување инаку Цеца овој викенд пееше на ромска свадба во Рим, а според медиумите нејзиниот настап само за два часа чинел околу 100 илјади евра.

Најнови вести