вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цела нација праќа честитки- овој детаљ ја издаде бремената Меган Маркл која го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

Цела нација праќа честитки- овој детаљ ја издаде бремената Меган Маркл која го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)

После низа одела, војвотката од Сасекс конечно облече фустан.

За хуманитарниот концерт „100 Days to Peace“, по повод одбележување на 100-годишнината од Првата светска војна, Меган Маркл избрала убава кралска сина тоалета, од дизајнерот Џејсон Ву.

Со оваа тоалета искомбинирала сандали во истата боја, со отворена пета, светкави кристали и црна чанта од Диор.

Но, да се задржиме на нејзината тоалета, поточно на еден детаљ на неа, за кој многумина помислија дека е тактички поставен, за да се сокрие трудничкиот стомак на Меган.

Имено, карнерите кои се протегаат долж фустанот, поткренале гласини на социјалните мрежи, за нејзината бременост.

„Изгледа како да е бремена“, „Дали сум единствена која гледа дека Меган е бремена?“, се дел од многуте коментари во оваа насока, кои го преплавиле Твитер, а некои се обиделе дури и да го заокружат нејзиниот наводно труднички стомак.

Тоа би било вистинско изненадување, со оглед на тоа дека Меган неодамна изјави дека не планира да остане бремена пред есен, односно додека таа и Хари не се вратат од неколку дневното патување во Австралија и Нов Зеланд, бидејќи тоа би било пренапорно да трудница.

Најнови вести