Цел свет збори за конфликтот меѓу Викторија Бекам и нејзината нова снаа Никола Пелц. Се појавија многу шпекулации за тоа како се сложуваат свекрвата и снаата, а Никола и Бруклин Бекам решија првпат јавно да проговорат за гласините кои кружат низ светот.
Никола, која верува дека гласините за расправии започнале кога на нивната венчавка облекла моден фустан на Валентино и не облекла венчаница дизајнирана од Викторија Бекам како што сите претпоставувале дека ќе ја носи, изјави за Variety:
– Сакав и навистина го сакав тоа, а потоа неколку месеци подоцна (Викторија) сфати дека нејзиното ателје не може да го направи тоа, па потоа морав да изберам друг фустан. Таа не рече дека не можам да го носам. Не реков дека не сакам да го носам. Оттаму започна се, а потоа медиумите само продолжија со таа приказна.
Бруклин потоа додаде:
– Научив дека секогаш ќе се трудат да пишуваат такви работи. Тие секогаш ќе се трудат да ги спуштат луѓето. Но, сите се согласуваат, што е добро.