четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Целиот свет зборува за поранешната претседателка на Хрватска поради тоа што го покажа со рацете – друштво на трибините и правеа и овие фудбалски легенди! (ФОТО)

Целиот свет зборува за поранешната претседателка на Хрватска поради тоа што го покажа со рацете – друштво на трибините и правеа и овие фудбалски легенди! (ФОТО)

Поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ вчера го гледаше полуфиналниот меч помеѓу Хрватска и Аргентина на Светското првенство на кое „огнените“ за жал загубија со 3:0.

Таа во вип ложата имаше интересно друштво, па во близина на поранешната претседателка седеа бројни познати личности и славни фудбалери.

Меѓу нив беше и легендарниот Роналдињо, а друштво му правеа Роберто Карлос и Кафу, но покрај бразилците беа и легендарните италијански икони Александро Дел Пиеро и Марко Матераци.

Меѓу нив беа и претседателите на УЕФА и ФИФА, а она на што светските медиуми најмногу им остави впечаток секако беше стајлингот на Колинда.

Освен тоа таа по поразот веднаш им упати порака на репрезентативците покажувајќи им срце направено од нејзините раце.

„Респект“. Зборовите кои најчесто ги слушаме овде во Доха по вечерашниот натпревар. „нација од четири милиони луѓе, а на врвот на светот. Хрватска гордост“, напиша Колинда.

Најнови вести