„Крунисан крал Чарлс III“ е насловот кој моментално ги краси насловните страници на сите светски портали и весници. Сепак, она што можеби повеќе ја интересира јавноста се шпекулациите околу британските принцови и односот меѓу двајцата браќа – Вилијам и Хари. Иако сите кои се заинтересирани за оваа тема имаат свој фаворит во оваа кралска „драма“, се чини дека и кралот има свој фаворит.
Откако беше крунисан, на Чарлс му пријде неговиот постар син принцот Вилијам и го бакна во образ.
„Ти благодарам, Вилијам“, рече Чарлс тивко.
Некои го окарактеризираа чинот на овој крал како показател за блискоста на таткото и синот, а сето тоа го забележа и „омразениот син“ Хари и тоа од третиот ред.
Историската церемонија е прва средба меѓу Хари и Вилијам откако војводата од Сасекс ги објави сите валкани тајни на кралското семејство во неговите мемоари „Резерва“.
Кралот и кралицата Чарлс и Камила традиционално излегоа на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрават присутните граѓани по историската церемонија на крунисување.
Таму беше и остатокот од семејството – сите освен помладиот син на Чарлс, принцот Хари. Според локалните медиуми, тој веќе го напуштил градот – автомобилот на принцот бил забележан како заминува од Лондон веднаш по церемонијата.
Видното фаворизирање на Вилијам е навредливо за Хари, па тој со заминување го возврати “ударот“.