петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Чекај малку брат, тоа е мојата песна“: Жељко Јоксимовиќ обвинет од колега дека му го украл хитот и објавил плагијат

„Чекај малку брат, тоа е мојата песна“: Жељко Јоксимовиќ обвинет од колега дека му го украл хитот и објавил плагијат

Милан Поповиќ, попознат како Даниел, кој своевремено ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната „Џули“, тврди дека Жељко Јоксимовиќ наводно ја украл неговата песна и објавил плагијат.

Даниел откри дека во 1989 година го снимил синглот „Sto sam ti, srećo, kriv“, а неговиот колега Жељко ја „позајмил“ мелодијата и ја искористил за неговиот хит „Devojka sa polja zelenih“.

– Да се ​​разбереме, не бев доволно присутен во медиумите, затоа и дојдов во ситуации колегите да ми ги „позајмуваат“ песните, но да не ме потпишуваат како автор. На пример, мојата песна од 1989 година послужи како инспирација за колегата Жељко Јоксимовиќ. За мене е чест, но би сакал да ме потпишал како коавтор. Под таа песна како автор на музиката се потпишува Жељко Јоксимовиќ и кога ќе ја слушнам си помислувам: „Чекај малку брат, тоа е мојата песна!“ – рече Поповиќ и откри дека Жељко не бил единствениот кој му крадел хитови.

Најнови вести