сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Познати

Четири години од смртта на познатиот актер Љубиша Самарџиќ

Четири години од смртта на познатиот актер Љубиша Самарџиќ

Во 2017 година на денешен ден, 8 септември, на 81-годишна возраст почина Љубиша Самарџиќ, актер познат ширум териториите на некогашна Југославија.

Самарџиќ студираше право, а потоа се префрли на Академијата за драмски уметности. Благодарение на стипендијата на режисерот Бојан Ступица, започнува да глуми во театарот. Првата улога ја остварува во филмот „Прекобројна“ на Бранко Бауер, а потоа следуваа низа филмови, „Денови“, „Десантот на Дрвар“, „Битката на Неретва“, за која ја доби и наградата Гранд При во Ниш.

За улогата во филмот „Утро“ е награден и на филмскиот фестивал во Венеција. Долго време глумеше во партизански филмови, а напоредно оствари и голем број улоги во телевизиски серии „Жежок ветер“, „Есента доаѓа, дуњо моја“, „Враќањето на отпишаните“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Каде одат дивите свињи“.

Во 1988 ја доби тогаш највисоката државна награда „АВНОЈ“, кој првпат се доделила на филмски актер. Сите освоени награди ги остави во наследство на југословенската кинематографија. Последната улога која ја имаше беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ во 2011 каде се јавува и како режисер.

Роден е во Скопје во семејство на рудари во 1936 година.

Најнови вести