Третата и последна забава „Драги браво“ се одржа синоќа во долниот град Калемегдан.
Последната вечер пееја Гога Секулиќ, Селма Бајрами, Весна и Џоле Џогани, како и Игор Поповиќ.
Весна пред настапот даде изјава и во таа прилика се осврна на актуелниот проблем што настана меѓу Ана Николиќ и Милица Павловиќ, откако на површина излезе демо верзијата на Ана од новата песна на Милица од нејзиниот нов албум „Проверено“.
– Ми се гади од тоа. Има основа Милица да ја тужи Ана. Таму се создаде толку голема галама, би било идеално тие две да направат дует. Да не ја слушневме верзијата на Ана, немаше да ја забележиме песната на Милица, ниту целиот албум во кој се вложи многу. Ова и требаше на Милица. Треба малку да си го намали егото. Треба да размислува деловно, рече Џогани.