Еден од најуспешните актери на овие просториа, Милош Биковиќ, вчера го прослави својот 35-ти роденден.
Биковиќ своевремено на својот Инстаграм профил објави фотографија од детството на која ретко кој би го препознал, а од фотографијата може да се заклучи дека знаел да позира уште од мали нозе.
Милош Биковиќ денес е водечки актер на својата генерација, а неговата слава и популарност одамна ги поминаа границите на Србија.
Биковиќ на почетокот на годината изјави дека не им придава големо значење на родендените.
-Годината не ја започнувам со ветувања од типот „Морам да го направам ова“, мислам дека тоа е бесмислено. Човек треба да работи по малку на себе секој ден, не може само на 1 јануари да носи одлуки за големи промени, кои се случуваат како резултат на преземање мали чекори. И на родендените не им придавам големо значење. Ако имам можност, собирам драги луѓе, но оваа година ја прескокнав поради короната, рече тој неодамна во Hello.