четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дара Бубамара е неутешна: Со Лаќа имале големи планови, но неговата смрт сите ги уништи

Дара Бубамара е неутешна: Со Лаќа имале големи планови, но неговата смрт сите ги уништи

Дара Бубамара е неутешна поради смртта на нејзиниот близок пријател и соработник Милан Лаќа Радуловиќ, кој денеска беше погребан на Новите гробишта.

Веднаш по погребот, пејачката најде сила и додека плачела евоцирала спомени на Лаќа со кого планирала заедничко патување во Израел.

-Не можам да се соземам од шокот. Бев во Барселона со мојот син кога дознав за трагедијата, потоа имав неколку настапи. Сега сè ме погоди. Не ми се верува дека мојот Лаќа го нема. Во последно време работам како будала и решив да го земам слободен цел јануари. Неговата песна „Кока Рока“ ќе излезе наскоро. Дури имавме план да одиме заедно во Израел во јануари, рече неутешената Дара, пренесе ПИНК.

-Скоро ми се јави ми вели на босански, бидејќи така зборувавме поради мојот покоен татко: „Боже, ама ја погодивме песната“… Се договоривме кога ќе се врати од патувањето заедно да одиме на гробиштата кај Марина и кај татко ми.  До денес живеам од песните на Марина. Цел живот ги пеам повеќето од нив. Велат, кога врне, додека закопуваме некого, плаче и покојникот, бидејќи се кае за својот живот. Многу го сакаше животот. Тага. Неутешна сум, изјави расплаканата пејачка.

 

FOTO: E-STOCK/ČASLAV VUKOJIČIĆ, PINK.RS/R. LAZAREVIĆ

Најнови вести