Дара Бубамара гради куќа на Фрушка Гора. Фолк ѕвездата реши да инвестира 500.000 евра во недвижен имот.
Како што пишуваат српските медиуми, пејачката купила парцела од 50 ари каде ќе гради вила со базен, но таму нема да живее, туку ќе ја издава.
-Дара пред неколку години купила плац на падините на Фрушка Гора. Долго време не знаела што да прави со него, додека нејзиниот поранешен сопруг Милан Кесиќ не ја советувал целата заштеда да ја вложи во изградба на вила со базен и да ја изнајмува. Таа го послуша и ќе почне да се гради кон крајот на летото. Ми рече дека сака се да пука од луксуз! Сето тоа ќе ја чини 500.000 евра и планот е се да биде завршено веќе напролет, вели пријателката на Дара.
Изворот во интервјуто открива како ќе изгледа вилата на Дара:
-Куќата ќе има 400 квадрати. На приземјето ќе има две големи соби за прослави, а на кат осум спални соби и четири бањи. Секоја соба ќе има пристап до голема тераса, со поглед на Фрушка Гора. Во дворот ќе има гаража, како и куќа за слуги кои ќе можат таму да преноќат, вели пријателката на пејачката и додава дека Бубамара нема да живее во таа куќа, бидејќи веќе има станови во Нови Сад и Белград.
-Дара ми кажа дека не планира да живее во вилата, туку ќе ја издава на ден или подолго, на разни прослави, снимања… И нема да го запостави пеењето поради новиот бизнис, туку сака да има дополнителни приход. Секако, нејзините колеги и пријатели секогаш ќе имаат попуст. Бубамара најмногу се радува на базенот кој ќе го има во дворот на вилата. Базенот ќе биде голем, ќе има и бојлери, па гостите ќе можат да пливаат и во зима. Дара сака да плива, па кога нема да ја издава куќата, редовно ќе оди на својот базен. Ни кажа дека едвај чека се да заврши, за да може да се сонча топлес бидејќи ќе има огромна ограда, па папараците нема да можат да ја фатат, ја завршува приказната пријателката на Дара.