Познатата српска пејачка Дара Бубамара во брак со Милан Кесиќ го доби синот Константин.
Иако таа љубовна приказна не траеше долго, пејачката со поранешниот сопруг остана во добри односи и двајцата се максимално посветени кон својот син.
Судејќи по објавите на пејачката, може да се забележи дека Константин веќе е драстично повисок од неговата мајка.
Пејачката многумина изненади со својите последни објави на Инстаграм на кои се гледа како тројцата уживаат на една егзотична дестинација, а како што вели Дара, помеѓу неа и Милан нема „зла крв“.
„Секоја чест“, „Така се прави тоа“, „Еве што значи почит“, „Вие сте пример за среќно семејство“, „Браво“, се само неколку од коментарите.