Според српските медиуми, фолк ѕвездата Дара Бубамара се степала со маж на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во средата, во 13 часот и 30 минути, пред да се качи на летот за Тиват!
-Додека чекавме ред за да се качиме во авионот, еден човек почна да вика на Дара: „Следниот пат пази како возиш да не и ја е*ам мртвата мајка!“ Очигледно двајцата се сретнале пред аеродром, изгледа Дара го „пресекла“ тој лик во сообраќајот, па полудел кога повторно ја сретнал, вели еден од очевидците.
Тие лоши зборови ја разлутија пејачката и таа почнака да го удира човекот кој бил речиси половина метар повисок од неа.
-Го удрила со тупаници, со чанта, го изгребела… Тој си го покрил лицето со рацете и не возвратил, вели очевидец и додава дека останатите патници скокнале да ги разделат.
-Полицијата набрзо пристигна, а Дара и тогаш не се смири. Рекла дека ќе го осакати доколку повторно го сретне бидејќи ја проколнал нејзината мртва мајка. И покрај тепачката таа се качи во авионот, а тој човек не го видовме, велат очевидци.
Пејачката ги потврди овие информации.
-Вистина е дека имало инцидент! Возев малку побрзо за да се качам на летот, бидејќи имав закажан настап во Црна Гора. Тој човек ме навреди без причина! Слаба сум на моите родители, кои веќе не се живи, и секогаш ќе скокам на секој што ќе ги допре моите најблиски, изјави Дара.