Пејачката Дара Бубамара е редовно мета на критики, позитивни и негативни, откако зачекори на музичката сцена, а во последниот период скандалот околу купувањето следбеници на социјалната мрежа Инстаграм им се припишува на сите музички изведувачи. Тоа не ја избегна ниту оваа атрактивна русокоса.
На оваа тема Бубамара зборуваше за емисијата „Премиера“.
-Се закачуваат за мене, си прават реклама… Триесет години сум на врвот. Што се однесува до следбениците… Имав 500, 600 илјади пред таа гужва, кога ми ја украдоа песната, па ме контактираа Шпанците. Знаете сè, можете да видите на YouTube. Никогаш не сум платила за следбеници, ниту сум купувала прегледи на Јутјуб, изјавила таа.