Дара Бубамара потрошила дури 65.000 евра на Миконос! Пејачката ќе помине десет дена на грчки остров резервиран само за оние со длабок џеб.
Очигледно тоа за неа не е проблем, бидејќи резервирала еден од најлуксузните хотели и секоја вечер излегува во елитните клубови каде што цените се превисоки.
Дара отпатува за Миконос со својот фризер, кој е нејзин близок пријател. Сака да се одмори од настапите, бидејќи во текот на летото пееше речиси секоја вечер, а со тоа темпо ќе продолжи штом ќе заврши одморот.
View this post on Instagram
Се наоѓа во хотел со поглед на море, кој има и базен. Кога ќе и здодее плажата, апартманот има џакузи каде може да се опушти, огромен кревет и воден кревет… На располагање и се и дневни масажи и козметички третмани во кои ужива. За тоа задоволство издвоила 15.000 евра, вели добро упатен извор.
Според него, Дара дење одмара, а навечер лудува.
-Иако и е потребен одмор од свирките, сепак не се заситува од излегувањето. Попладне е на дневни забави, а навечер во еден од најпознатите клубови на Миконос. Таму е секоја вечер! Како луда нарачува „перињон“! Келнерите ги почестува со шампањско, обезбедувањето го чести… За ноќ купува над 20 шишиња и тоа само шампањ, а кај се коктелите, виното… Богами за вечер троши најмалку 5.000 евра, вели соговорник за српските медиуми.
Дара Бубамара пред два месеци се одмарала во Дубаи каде исто така потрошила многу пари.
View this post on Instagram